Трката за Големата награда на Австрија, се враќа во календарот на Формула 1, по пауза од 11 фодини.
Порталот „gp1.hr“ пренесува дека Берни Еклстон и Дитрих Матешиц постигнале договор од следната година повторно да се вози Големата награда на Австрија.
Трката би требало да се одржи на 6. јули, на патеката која сега го носи името Ред Бул Ринг.
Имено, Ред Бул ја купи оваа патека, позната како А1 Ринг откако таа падна во заборав по последната трка одржана на неа во 2003 година.
Патеката повторно стана активна во 2011 година, на неа се возат трки во DTM шампионатот и во Формула Рено 3.5.