Сане: Баерн е еден од фаворитите во Лигата на шампионите

Од:

Играчот од средниот ред на Баерн, Лерој Сане го сподели своето мислење за шансите на тимот да го освои германското првенство и Лигата на шампионите во сезоната 2021/2022.

– Не сакаме некој да ни се доближи на табелата во Бундеслигата. Сакаме да станеме шампиони. Во Лигата на шампионите, како и обично, малите детали и условите за игра во одреден ден се клучни во ова натпреварување. Сè уште немам освоено трофеј, па затоа сум особено мотивиран.

Што се однесува до фаворитите во Лигата на шампионите, во моментов мислам дека сме најсилни во Европа заедно со Манчестер сити, Ливерпул и Челзи. Но, треба да ни биде јасно дека формата на тимовите може брзо да се промени до крајот на сезоната, изјави Сане.

На 16 февруари Баерн ќе го одигра првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Салцбург. Реваншот ќе се одржи на 8 март. 

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Баер Леверкузен првпат поразени по 35 натпревари

Горан Наумовски

Матијс Тел влезе во историјата, а Штутгарт освои бод против Баерн

Левандовски одлучил да го напушти Баерн

А1он

ЛШ: Натпреварот Баерн – Барселона без публика

А1он

Баерн и Јувентус први осминафиналисти во Лигата на шампионите

А1он

Баерн израмни бундеслигашки рекорд стар 57 години

А1он