ВМРО-ДПМНЕ: Скопје има потреба од обмислени решенија, а не од аматерски проекти како БРТ на Шилегов

Од:

„БРТ на Шилегов ќе го загрозеше водоснабдувањето на Скопје и можеше да предизвика сериозна хаварија. Претходната администрација на Град Скопје и Шилегов не реализира многу проекти а БРТ е несоодветен за Скопје. Системот на БРТ како што Шилегов го проектираше е несоодветен за Скопје од просторни причини“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска.

„Внатрепартиските пресметки во СДСМ да не се одвиваат на грбот на Данела и скопјани. Според сите анализите изготвени, и изработениот идеен проект се укажува на бројни недостатоци и ризици врз животната средина но и врз квалитетот на живот кој ќе се наруши, ризици кои Градот не смее да ги дозволи во интерес на граѓаните.

За БРТ се нотира и дека на дел од маршутата на БРТ се наѓаат и тунели, за кои се стравува дека не би можеле структурно да ги издржат дополнителните градежни дејствија, но и зголемениот сообраќај.

БРТ требаше да поминува по централното зеленило во на булеварот Партизански одреди, под кое се наоѓа централната цевка за снабдување со вода на градот, врз која нема извршено никакви зафати за дополнително зајакнување и пристап. Имено доколку истата се зајакнува со дополнителни прегради тоа ќе чини дополнителни 20-тина милиони евра кои не се предвидени во проектот на Шилегов, но и ќе имаше потреба од регулирање на пристап до истата во случај на дефект, што исто така не е регулирано со проектот на Шилегов.

При најмал дефект трасата на БРТ ќе треба да биде вон сообраќај. А при поголем дефект може да се доведе нормалното функционирање на Скопје во прашање.

Дополнително Шилегов немаше предвидено нов мост над Вардар од Карпош кон Влае, бидејќи постоечкиот нема простор за БРТ системот, тоа се нови потреби за кои не се предвидени пари.

Првичниот проект кој според Шилегов и СДСМ треба да чини 70 милиони, може многу лесно да не може да се заврши ниту со двојно повеќе пари, затоа што е правен нестручно и без да се земат во предвид бројни пропратни проблематики.

Скопје има потреба од трајни обмислени решенија, а не аматеризам како што правеше СДСМ“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски