(ВИДЕО) Кузескa: Европската банка ја демантираше Арсовска, БРТ е издржан и еколошки проект

Од:

„Градоначалничката Данела Арсовска во првите месеци од мандатот не работи ништо освен што нанесува штета на Град Скопје и неговите граѓани. Нејзините лаги околу оправданоста на Бас рапид транзит системот се директно демантирани и од Европската банка за обнова и развој која одобри средства за финансирање на овој проект“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Од ЕБОР истакнуваат дека сите проекти вклучувајќи ги и БРТ системот, подложат на детални проверки пред да бидат одобрени.

Главната цел на проектот е значајно да се подобри нивото на услуги на јавен транспорт и да се помогне во намалување на загадувањето во Скопје, кој во моментов е еден од најзагадените градови во Европа, истакнуваат од Европската банка за обнова и развој за БРТ системот.

Проектот Бас рапид транзит е разгледан од Европската банка за обнова и развој а оценката за неговиот импакт е оценета со 70, на скала од 0 до 100, со што тој е на граница помеѓу добри и силни проекти оценети од Банката.

Стопирањето на овој проект од страна на Арсовска заради лични хирови, не само е на штета на градот и скопјани, туку директно го поткопува меѓунардониот углед на Град Скопје.

Арсовска кончено треба да почне да работи и наместо да ја партизира градската администрација, да ги продолжи проектите оставени од претходниот градоначалник, а кои се во насока на забрзан развој на градот.

Арсовска доби доверба да ги решава проблемите и да реализира проекти, а не да поништува проекти“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче