Иванов го прими Давитковски

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Борче Давитковски, претседател на ад-хок комисијата за расветлување на настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември 2012 година, кој го информираше за неговата одлука за оставка на оваа функција, како и за досегашната работа на Комисијата.

– На средбата, Иванов беше информиран за досегашните активности и резултати од работата на Комисијата, како и за разликите во ставовите за одредени прашања меѓу нејзините членови од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Иванов беше информиран и за оставката на Давитковски од должноста ретседател на ад-хок комисијата, информира Кабинетот на претседателот.

Шефот на државата, констатирајќи ја новонастанатата состојба ја поздравил досегашната работа на Комисијата, која и двете страни ја оцениле како добра основа за успешен исход со што би се реализирале обврските од договорот од 1 март.

Претседателот Иванов изразил надеж дека Комисијата покрај новонастанатата состојба ќе изнајде начин успешно да ја доврши преземената обврска.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on