Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Од:

МВР информира дека вчера (23.12.2021), полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Единица за интервентна полиција го привеле А.А.(37) од Скопје, поради тоа што истиот ден на ул.,,Лазар Личеновски” одзел повеќе предмети од незаклучено возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(28) од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Загина при бегство по обид за грабеж – се заплетка во електрифицирана мрежа

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски