СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

Од:

Пред девет години на овој ден, режимската ВМРО-ДПМНЕ го погази плурализмот, ја загрози слободата на говор и ги погази демократските права и слободи.На 24 декември 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски прво насилно ги избрка новинарите и снимателите од пленарната сала на Собранието, а потоа на насилен и подмолен начин, злоупотребувајќи го собраниското обезбедување и полицијата, ги исфрли од салата и пратениците на СДСМ, велат од СДСМ.

-24 декември 2012 е вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ која кулминираше со обидот за убиство на пратеници и новинари во Собранието на 27 април 2017 година. Денес, девет години подоцна во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето.Зоран Ставревски човекот кој на 24 декември 2012 го даде налогот за исфрлање на пратениците од опозицијата, денес повторно е во раководните структури на партијата, а неколку градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се поранешни осудени лица за криминал и насилство. Со демократските промени и преземањето на одговорноста од страна на Влада и мнозинство предводени од СДСМ демократијата се врати во македонското Собрание. Буџетот се носи во демократска атмосфера, со конструктивна дебата и прифаќање на забалешки и амандамани од опозицијата. Тоа е голема разлика каде беше нашата татковина тогаш а каде е денеска, што значи слободно и демократско општество кое работи за своите граѓани, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик