Професор со метален предмет претепал средношколец

Од:

Професор со метален предмет денеска околу 13 часот и 30 минути повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо“ во Струга.

Ученикот, бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката Болница Арменд Арслани.

– Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13 часот и 45 минути е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување, изјави Арслани.

Полицијата, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, го привела сторителот, 57-годишен стружанец.

– Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо“ го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп