Попоски: Ештон, Филе и Линкевичиус бараат да ја завршиме домашната агенда, за ЕУ да ни помогне со европската агенда

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Брисел, пред Десеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација оствари средби со потпретседателката на Европската унија и висока претставничка за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и со министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Во изјава за МИА, министерот Попоски вели дека разговорите со високите претставници на Унијата биле околу перспективите и идната динамика на процесот на проширување на Европската унија.

– Во разговорите со нив ги споменавме и очекувањата од денешниот Совет за стабилизација и асоцијација со Унијата, при што од литванска страна беше нагласено дека проширувањето останува на агендата на литванското претседавање со ЕУ, вели министерот Попоски.

Според шефот на македонската дипломатија, неговите денешни соговорници му напоменале дека нивна цел е да се постигне консензус во Советот за почеток на преговорите за членство на Македонија. Од таа причина, според Попоски, ќе бидат интензивирани напорите со нашиот јужен сосед за интензивен дијалог, за инволвирање на двете страни за целосна посветеност со кои можат да бидат отстранети и единствените пречки кои постојат во нашите билатерални односи.

– На иста линија беа и констатациите од страна на високата претставничка Ештон, како и од комесарот Филе. Со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата разговаравме околу нашите иницијативи на оваа тема и изразената иницијатива во писмото од страна на премиерот Никола Груевски. Се надеваме дека можеме да постигнеме определено интензивирање на овој дијалог бидејќи едноставното одложување на одлуката за почеток на преговорите, а недоволна посветеност во процесот за надминување на билатералниот спор не е нешто што оди во прилог на евроатлантската агенда на Балканот, потенцира Попоски.

На средбата со Ештон, разговарано е и за одговорот на Грција на писмото на претседателот на македонската Влада, при што пораката од европската шефица на дипломатијата било дека е важно Македонија да ги исполни преземените обврски во однос на домашната политичка агенда, додека за европската агенда ќе можеме да сметаме на силна поддршка од сите поддржувачи во европските институции и кај земјите-членки на ЕУ.

Македонскиот министер потенцира и дека клучната препорака од страна на Европската комисија е да ги исполниме оние ветувања кои ги испорачавме како Република Македонија со договорот од 1-ви март.

– Таа Комисија не е само анкетна комисија, таа комисија е и национална комисија во овој момент бидејќи резултатите кои таа ќе ги постигне или недостатокот од резултатите од нејзината работа ќе се одрази директно на европското досие на Република Македонија. Во тој контекст мислам дека секој треба да се однесува одговорно и во правец на заштитување на интересите на Република Македонија, а не за заштита на лични агенди, вели Попоски.

На прашањето дали со литванскиот министер за надворешни рбаоти разговарале за пораката која денеска во Скопје ја испрати нивниот амбасадор Ренатас Јушка, дека за време Литванското претседателство Македонјиа нема да биде на агендата, Попоски со одговор:

– Тоа дефинитивно не претставува став кој ги одразува политичките определби на Литванија. Линкевичиус ми потврди дека од нивна страна проширувањето е на агендата и тие посакуваат Република Македонија да направи чекор кон почеток на преговорите со ЕУ и сакаат, односно се ставаат на располагање да помогнат во овој процес. Како што реков, конечната одлука е предмет на постигнување на консензус во Советот, а за тој консензус е потребна Атина.

Попладнево, министерот Попоски и заменик-претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции Фатир Бесими ќе учествуваат на Десеттиот по ред Совет за стабилизација и асоцијација каде главна тема се очекува да биде преминот на Македонија во втората фаза, што според Договорот за стабилизација и асоцијација и исполнетите реформи, нашата земја одамна го заслужува, но Грција го блокира. Поради ваквата злоупотреба на Грците, Европската унија е ставена во незгодна опзиција да не може Македонија да го добие заслуженото, па на овие состаноци се бара начин како да се надмине блокадата.

По овој состанок, министерот Попоски патува за Љубљана, каде заедно со претседателот Ѓорге Иванов ќе имаат средби со неговиот словенечки колега Карл Ерјавец и највисокиот државен врв на оваа земја-членка на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија