СДСМ: Да се повлечат предлог законите за медиуми со цел заштита на новинарите и слободата на изразување

Од:

СДСМ денеска  побара повлекување на законите за медиуми и за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.

Пратеникот Јани Макрадули на прес-конференција рече дека повлекувањето на законите не е само заради барањето на ОБСЕ и со цел на новинарите и на слободата на изразување како темел на една слободна држава.

„Факт е дека ОБСЕ го демантираше министерот Иво Ивановски за наводна усогласеност на Законот за медиуми. СДСМ ја споделува истата загриженоста како и ОБСЕ“, изјави Макрадули.

Дополнително, според него, загрижува амбиентот во кој што се носи овој закон.

„СДСМ ја споделува истата загриженоста како и ОБСЕ дека: овој закон отвара можност дополнително да се замолчат критички ставови и да се ограничи слободата на говорот.

– Дополнително загрижува амбиентот во кој што се носи овој закон, во услови кога насилно беа исфрлени новинарите од Собрание, има новинар во притвор за објавен текст од 2008 година, остануваат дилемите за загинувањето на Младенов, а партијата на власт продолжува со јавни прозивки на уредници за изнесени ставови.

– Затоа, СДСМ бара да се повлечат двата предлог закони, не само заради барањето на ОБСЕ туку заради нас самите и со цел заштита на новинарите и на слободата на изразување како темел на една слободна држава“, рече Макрадули

Новата верзија на законите, според Макрадули, треба да ја департизира и деполитизира Агенцијата за медиуми каде што мнозинството членови ќе доаѓа како предлог на независни здруженија, нивниот избор ќе биде направен со две третини, нема да постои контрола на печатени и електронски медиуми, ќе ги избрише одредбите за програмски надзор врз медиумите, ќе ги намали предвидените казни, а со тоа ќе се избегне опасноста саморегулацијата да се претвори во самоцензура и ќе обезбеди заштита на медиумите од преплатените  владини кампањи.

Јавната расправа, според СДСМ, е решение само ако биде основа за нов закон.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара