Оставката на Заев стигна во Собранието

Од:

Оставката на Зоран Заев од премиерската функција попладнево е доставена во Собранието. Собранискиот спикер Талат Џафери треба да ја констатира оставката, која Заев ја најави по лошите резултати на локалните избори.

Тој тогаш оставка најави и од лидерската позиција во СДСМ. Во партијата веќе се одржаа избори и на местото на Заев, дојде заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевки, кој се очекува да биде и новиот мандатар.

„Со ова мое писмо Ве известувам дека поднесувам оставка од функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Оваа моја одлука ја презедов како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати“, вака Заев го почнува текстот на својата оставка.

Тој во оставката ги набројува политичките моменти кои ги смета за свои успеси, а ја завршува велејќи дека времето ќе покаже дека тој грижата за личниот политички рејтинг не ја ставил пред државните интереси.

„Времето ќе покаже дека оваа моја одлука е во согласност со мојата определба да бидам политичар кој презема одговорност за да бидат донесени тешки, но историски важни одлуки за добрата и сигурна иднина на нашиот народ и на државата, без притоа грижата за личниот политички рејтинг да ја ставам пред државните интереси“, пишува Заев.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека како што беше и најавено оставката ќе биде депонирана по завршувањето на годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Заев минатата седмица најави дека оваа недела ќе ја донесе одлуката и ќе соопшти кога точно оставката ќе биде формализирана пред Собранието. Тој тогаш изјави дека очекува негов наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски.

Претседателот на државата по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри не е прифатлив, одлучи Законодавно правната комисија

Горан Наумовски

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

ВЛЕН: Пропадна планот за дестабилизација на тројката Левица-СДСМ-ДУИ

Кулеба поднесе оставка

Горан Наумовски