Американскиот претседател Барак Обама ќе изврши голем притисок врз грчкиот премиер Андонис Самарас на средбата закажана на 8. август во Вашингтон, пишува денеска весникот „Парон“.
– Пораките кои пристигнуваат од преку Атлантикот се јасни и не многу оптимистични. Вашингтон сака ова прашање да се речи што е можно побргу, доколку е можно и до крајот на 2013 година и на состанокот на 8. август Обама ќе бара да се прецизира, пишува грчкиот весник.
Според „Парон“, Американците се за името „Горна Македонија“ и прашањето е дали Самарас ќе го прифати.
– Нема простор да не го прифати, изјавиле дипломатски извори за весникот поврзани со американсата Амбасада во Атина.
Според грчките аналитичари, прашањето е дали таквиот исход ќе го прифати и пратеничката група на Нова демократија.
Во меѓувреме, сите грчки медиуми денеска јавија за вчерашната средба во Брисел на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Евангелос Венизелос, но засега без коментари.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во извештаите претежно се цитира соопштението од македонското МНР.