Најмалку 64 лица загинаа откако брод со нелегални патници потона покрај североисточниот брег на Мадагаскар, а во тек е потрага по 24 исчезнати лица, соопшти денеска Агенцијата за поморска и речна пловидба АПМФ.
Во соопштението се наведува дека се пронајдени уште 50 преживеани патници.
Товарниот брод, што не бил овластен да превезува луѓе, бил преоптоварен и водата го поплавила моторот, соопшти АПМФ.
Бродот го напуштил пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север вчера рано наутро.
– Бродот е регистриран како товарен, а не за превоз на патници, а Антанамбе не е официјално пристаниште, изјави генералниот директор на АПМФ, Жан Едмонд Рандријантенен.