Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на работилница на тема „Валидација на нестандардни форми на вработувања во македонски контекст“, организирана од Меѓународната организација на трудот.

Министерката Шахпаска нагласи дека со новиот закон за работни односи на кој Министерството за труд и социјална политика работи заедно со социјалните партнери, прецизно и јасно се регулирани нестандардните форми на вработување, со што работните процеси ќе бидат прилагодени на новите потреби на пазарот на трудот. Истовремено правата на работниците ќе бидат целосно заштитетни, бидејќи ќе бидат отстранети сите можности за злоупотреба и манипулација.

„Со добра регулација и имплементација на нестандардните форми на вработување се овозможува брзо прилагодување на работодавачите на динамичниот пазар на труд и справување со недостигот на работна сила. Од друга страна, на работниците ќе им го олесни пристапот до нови работни места, посебно на маргинализираните групи, младите, жените, постарите работници и мигрантите. Нестандардните форми на вработување не смеат да бидат средство за намалување на трошоците за работна сила на сметка на основните работнички права. И затоа, при нивната регулација мора да бидеме многу претпазливи. Работникот и неговите права во ниту еден момент не смеат да бидат загрозени“, оцени министерката Шахпаска.

Таа нагласи дека со новиот закон за работни односи јасно ќе бидат регулирани договорите на определено време, работата од далечина и работата од дома, ангажирањето на работници во домаќинства, сезонските и повторливи сезонски работи, работа со неполно работно време.

„Подобро ќе биде регулиран и работниот однос адресирајќи ги прикриените вработувања, кои се суштинска девијација од стандардното вработување. Ова се исклучително важни прашања и токму затоа оваа работилница е многу важна за нас како држава, за да можеме да донесеме вистински решенија кои ќе бидат во интерес и на работниците и на работодавачите, а со тоа ќе бидат во интерес на државата“, рече министерката Шахпаска.

На работилницата се обрати и националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски. Онлајн учествуваа и меѓународни правни и економски експерти од областа на пазарот на трудот, за социјален дијалог и трудово право, но и експерти и универзитетски професори од Република Северна Македонија, а присутни беа и претставници на работниците и на работодавачите.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска