СДСМ: Ковачевски потпиша важни договори во рамки на „Отворен Балкан“

Од:

Претседателот на СДСМ и заменик министер за финансии Димитар Ковачевски денеска учествуваше на седмиот состанок на Иницијативата „Отворен Балкан“ кој се одржа во Тирана, Република Албанија.

На состанокот беа потпишани важни Договори со кои граѓаните и компаниите на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Како заменик министер за економија, претседателот Ковачевски е дел од потписниците на овие договори.

-Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот. Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Верувам дека оваа иницијатива ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон економски стабилен и развиен Балкан. “Опен Балкан“ значи економски стабилен и развиен регион, е ставот на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Откако договорите ќе бидат ратификувани во парламентите на државите, граѓаните се стекнуваат со можност слободно да се движат и да работат во секоја од нив. На граѓаните од трите држави во регионот им се овозможува непречен пристап на пазарот на трудот во секоја од трите земји и целосен пристап до електронските услуги.

„Со овие олеснувања се очекуваат значајни економски придобивки, економиите се поврзуваат, се олеснува работата на компаниите а се прават и крупни чекори кон европеизација на регионот. Се применуваат европски практики, по принципот на пазарите на ЕУ, се хармонизираат регулативите во интерес на бизнис заедницата и граѓаните.

Денеска, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ се потпишуваат повеќе мултилатерални и билатерални договори: Договор за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договор за интерконекција за електронска идентификација на граѓаните, Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика, Договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите