Техеран ја осуди одлуката на Европската унија, военото крило на либанската екстремистичка организација Хезболах да го стави на листата на терористички организации.
Но, го осуди и Брисел дека дејствува во корист на интересите на Израел, пренесуваат иранските медиуми.
-Иран силно ја осудува ЕУ и верува дека тоа е во согласност со нелегалните интереси на режимот. Унијата поради недостаток на праведен став за регионалната криза, донесе погрешна одлука, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Али Акбар Салехи.
Елена Георгиевска