Политико: Трамп и десетина негови поранешни соработници на иранската листа за отстрел

Од:

Американските власти дојдоа до вознемирувачки наоди за новите закани на Иран дека ќе го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп и некои од неговите поранешни генерали и стратези за национална безбедност, пишува Политико.

Иран отворено се закани дека ќе ги убие Трамп и неговите национални стратези во јануари 2020 година, кога Трамп нареди напад со беспилотно летало во кој беше убиен најмоќниот ирански генерал Касем Сулејмани. Според Политико, американските власти наведуваат дека Техеран не блефира и нема да се откаже.

Американските разузнавачки кругови го информираа предизборниот штаб на Трамп минатиот месец за иранските закани за атентат на поранешниот претседател, а неговиот изборен штаб соопшти дека биле предупредени дека заканата „се зголемила во последните неколку месеци“.

Засега нема докази дека обидите за атентат на Трамп ова лето се поврзани со Техеран, според Политико.

Политико додава дека, според десетина официјални лица запознаени со заканите, напорите на Иран да ги убие Трамп и другите негови соработници, кои тие ги обвинуваат за нападот врз Сулејмани, се пообемни и поагресивни од претходните.

„Ова е исклучително сериозно. Иран многу јасно стави до знаење дека е решен да бара одмазда против поранешните функционери во врска со нападот на Сулејмани“, рече Мет Олсен, помошник јавен обвинител за национална безбедност на Министерството за правда..

Соговорниците на Политико посочуваат дека заканите за атентат се многу специфични и засилени во последните месеци и дека американската влада сè уште не нашла одржлив начин да ги заштити сите оние кои се во опасност.

Многумина од нив истакнуваат дека со тоа што американската влада сè уште не нашла начин да ги заштити сите загрозени, му ја отвора вратата на Техеран да ги реализира своите закани.

Официјални лица веруваат дека бидејќи работеле за Белата куќа, Тајната служба треба да им обезбеди заштита. Некои од тие функционери сега трошат стотици илјади долари годишно за нивната безбедност, а Тајната служба одби да ги коментира наводите, посочува Политико.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Шон Совет, рече дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден ги смета иранските закани „прашање на националната и домашната безбедност од највисок приоритет“. Тој додаде дека Иран ќе се соочи со „тешки последици“ доколку нападне кој било американски државјанин, вклучително и поранешни владини претставници.

Републиканскиот член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Џим Химс, наведува дека САД таквиот напад би го сметале за воен чин.

„Не знам како би одговориле на тоа, но тоа не би бил пријатен ден за иранскиот режим“, рече тој.

Би можело да ве интересира

На претседателските избори во САД предвреме гласаа над 70 милиони граѓани

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он

Повеќе од 60 милиони Американци предвреме гласаа на претседателските избори во САД

А1он

Харис: Го предизвикувам Трамп да направи тест за интелигенција

А1он

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Ајатолахот за прв пат проговори по израелскиот напад: Не го познаваат Иран, ќе ги натераме да разберат