Бремените жени стануваат приоритет за вакцинација во Велика Британија

Од:

Бремените жени треба да се сметаат за ризична група за Ковид и треба брзо да се вакцинираат, оцени Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација на Велика Британија. Експертскиот владин тим соопшти има „сè поголеми докази дека бремените жени се изложени на зголемен ризик од компликации од Ковид-19“.

Според новите податоци објавени од Агенцијата за здравје и безбедност на Британија, 34 жени починале на островот откако се заразиле со Ковид за време на бременоста. Според лекарите, починале и четири новороденчиња.

Истражувањата покажуваат дека стапката на смртност за бремени жени обично е околу девет на 100.000, што е еквивалентно на приближно 60 трудници годишно. До крајот на октомври оваа година биле пријавени 27 смртни случаи само од компликации на Ковид-19 – речиси двојно повеќе од бројот на починати трудници, покажува анализата на Универзитетот во Оксфорд.

Од 16 мај до крајот на октомври годинава во болница се примени 1.436 трудници со симптоми на Ковид-19, од кои 230 се лекувани на одделенијата за интензивна нега. Повеќе од 96 отсто од овие жени биле невакцинирани. Само 16 хоспитализирани жени примиле две дози од вакцината.

Велика Британија ги повика сите трудници кои не се вакцинирани да закажат термин за вакцина, а жените кои примиле две дози може да добијат бустер доколку ја примиле втората доза најмалку три месеци претходно.

– Сериозните ризици за жените кои се инфицираат со Ковид-19 за време на бременоста стануваат се појасни, рече Гајатри Амирталингам од Агенцијата за здравје и безбедност. – Знаеме дека вакцините што се користат во програмата за вакцинација против коронавирус се многу ефикасни во спречувањето на сериозни компликации, а оние што се препорачуваат за бремени жени имаат добра репутација за безбедност. Би ги повикал сите трудници да се јават и да ја примат вакцината без одлагање. Тоа е најдобриот начин да се заштитите себеси и вашето бебе, вели тој.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Препораката за ослободување од работа на раниливите групи поради жешкото време продолжена до 27 јули

Катерина Ѓуровски

Анестезиолог обвинет дека силувал бремена жена за време на царски рез

Горан Наумовски

Два милиона Британци страдаат од долгорочен Ковид

Објавен извештајот за „партигејт“