Франција ќе бара ЕУ да покрене тужба против Британија поради риболовните дозволи

Од:

Француските власти денеска најавија дека ќе побараат од Европската унија да покрене тужба против Велика Британија поради повеќемесечниот спор меѓу Лондон и Париз за правото на риболов.

По средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и претставниците на француските рибари, Париз соопшти дека ќе побара состанок меѓу Партнерскиот совет ЕУ-Велика Британија, политичкото тело задолжено за прашањата по Брегзит.

Во спорот Париз-Лондон се британските риболовни дозволи. Пред Брегзит, француските рибари можеа да ловат длабоко во британските води. Сега им треба посебна дозвола од владата во Лондон или од самоуправните британски територии за да ловат риба во одредени области. Франција доби 93 отсто од дозволите што ги побара, но бара одобрување на уште 73 лиценци.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата