Попов: Има стабилно мнозинство и Влада, избори во 2024 година

Од:

Владиното мнозинство е стабилно со влегувањето на Алтернатива во коалицијата и следува избор на нова Влада со мандат до 2024 година изјави денеска организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов.

– Имаме стабилно мнозинство токму со влегувањето на Алтернатива во коалицијата, следува избор на нова Влада со мандат до 2024 година, Влада којашто ќе биде посветена на справување со проблемите на граѓаните, Влада којашто ќе се посвети на справување со глобалната економска и здравствена криза, оттука сметаме дека фактот што имаме стабилно мнозинство говори за тоа дека немаме потреба од никакви технички влади ниту пак од предвремени избори, изјави Попов одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конфееренција побара во февруари или март да се формира техничка влада, a во мај или јуни да се одржат предвремени парламентарни избори.

Формирање експертска влада, со цел побрзо распишување на предвремени парламентарни избори денеска побара и Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Предвремени избори нема да има, тврди Гаши