Ромфеа.гр: Приемот на епископот Партениј кај патријархот Вартоломеј голем чекор на Вселенската партријаршија за решавање на црковното прашање

Од:

Посетата на епископот Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир г. Партениј во придружба на монаси и монахињи и приемот кај вселенскиот патријарх Вартоломеј е голем чекор на Фанар за решавање на црковното прашање и признавање на МПЦ-ОА, објави грчкиот православен сајт Ромфеа.гр, пренесувајќи оценки на претставници на Вселенската патријаршија.

Ромфеа.гр потсетува и дека приемот на епископот Партениј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј доаѓа неколку дена по посетата на Атина каде што присуствуваше на вечерна служба и на Божествена Литургија во црквата Свети Пантелејмон, најголемиот храм во грчката престолнина, како и на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика, со благослов на архиепископот на Атина и на цела Грција г.г. Јероним.

– Приемот на епископот Партениј се одржа во Патријаршиската црква Свети Георги, во присуство на митрополитот Халкидонски г. Емануил. Треба да се спомене дека ова е првпат владиката на таканаречената „Македонска црква“ во придружба на монашко братство и сестринства, да биде официјално примен од страна на Вселенскиот патријарх, наведува Ромфеа.гр.

Епископот Антаниски г. Партениј со монаси и монахињи од четирите манастири Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, кои се под негово духовно раководство, во средата беа примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј во Фанар, седиштето на Цариградската патријаршија.

– Вселенскиот Патријарх уште еднаш ја покажа својата огромна љубов кон Црквата Божја, како вистински татко на православните. Тој изрази голема почит кон нашиот духовен татко и старец, кој имаше посебно обраќање кон неговата десветост, изјави за МИА отец Кирил од Бигорскиот манастир.

Пред Патријархот било прочитано и монашко послание, по што пригодно обраќање имал патријархот Вартоломеј.

– Сесветиот патријарх ја искажа својата татковска грижа за сите нас и за црквата наша. На крај сите зедовме благослов од него, целивајќи му ја светата десница. Средбата во Фанар беше вистински духовен празник, исполнет со радоста на Воскресението. Си заминавме од Константипол, царицата на градовите, исполнети со голема благодат и уверение во татковската закрила на сесветиот патријарх г. г. Вартоломеј, вели отец Кирил.

Посетата на Вселенската патријаршија е остварена со благослов на митрополитот Дебарско-кичевски. г. Тимотеј.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата