Предмалку во Нион се одржа жрепката за третото издание на УЕФА Лигата на нации. 55 членки на европската фудбалска заедница беа поделени во четири лиги и ги дознаа своите противници во групната фаза.
Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во Лига Ц, група 4, заедно со селекциите на Грузија, Гибралтар и Бугарија.
Ц-ДИВИЗИЈА
ГРУПА Ц1: Турција, Луксембург, Литванија, Фарски Острови
ГРУПА Ц2: С. Ирска, Грција, Косово, Кипар/Естонија
ГРУПА Ц3: Словачка, Белорусија, Азербејџан, Казахстан/Молдавија
ГРУПА Ц4: Бугарија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Гибралтар
Репрезентациите ќе играат со сите противници од групата на домашен и гостински терен во јуни и во септември идната година. Четири од шесте натпревари ќе бидат во јуни поради зимскиот распоред на Светското првенство во фудбал во Катар.
Четири од шесте кола ќе се играат од 2 до 14 јуни идната година, првите две рунди во периодот од 2 до 8, а третото и четвртото коло од 8 до 14 јуни, додека завршните два меча од групната фаза ќе се играат во периодот од 22 до 27 септември.
Победниците од групите одат во Б-дивизијата за четвртата сезона во Лигата на нации, додека последнопласираните ќе играат плејаут баражи во март 2024 година и два поразени тима ќе испаднат во Д-дивизијата.
Четирите победници на групите во Лигата А ќе се пласираат во нокаут-финалето во јуни 2023 година.