Потврдени првите пет случаи на омикрон во Црна Гора

Од:

Црногорските епидемиолози денеска ги потврдија првите пет случаи на инфекцијата со новиот сој омикрон на коронавирусот во земјата.

Црна Гора на тој начин се приклучи на списокот земји во кои е регистрирана оваа многу заразна варијанта, соопшти Црногорскиот институт за јавно здравје, додавајќи дека сите лица со потврден омикрон се во добра општа здравствена состојба и имаат само благи симптоми.

-Епидемиолошките служби следат и вршат идентификација на високоризични контакти на заразени лица, велат црногорските епидемиолози.

Првото сомневање за појавата на сојот омикрон во Црна Гора се појави на почетокот на декември во семејство чиј член допатува од Јужноафриканската Република.

Бројот на заразени лица во Црна Гора опаѓа во последните недели, но се уште се на сила епидемиолошките мерки што бараат задолжително носење заштитни маски во затворени простории. За влез во угостителските објекти, теретаните и игротеките се потребни ковид потврди.

Црногорските здравствени власти, исто така, ги забранија новогодишните прослави на плоштадите за да спречат натамошно ширење на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала