Полските власти денеска соопштија дека првиот случај на инфекција со варијантата Омикрон е откриен кај патничка од Лесото.
Министерството за здравство на Полска соопшти дека заразената 30-годишна жена се чувствува добро и е во изолација.
Таа пристигнала во Полска минатата недела како учесник на Дигиталниот самит на ОН во Катовице на југот на земјата и тестирана е позитивна на Омикрон пред да замине.
Здравствените власти контактирале, тестирале и изолирале лица кои биле во контакт со заразената жена.
Полска досега нема регистрирано ниту еден случај на Омикрон, иако девојка која отпатувала за Кина овој месец била позитивна по слетувањето.
Во Полска, бројот на новозаразени со коронавирусот се стабилизира на 20.000 до 25.000 дневно. Во земјата се вакцинирани 20,7 милиони од вкупно 38 милиони жители.