Коп: Неопходно е да бидете членка на ЕУ, не само на НАТО

Од:

Јас не сум тука за вас, туку за интересите на мојата држава. Интересот на мојата земја е стабилност и просперитет на Балканот и зато неопходно е да сте не само членка на НАТО, туку и да бидете членка на ЕУ. Ова е наша цел со години и понатаму останува да биде наша цел, смета амбасадорот на Холандија во нашата земја, Дирк Јан Коп, откако земјава не доби датум за прва меѓувладина конференција со ЕУ.

Холандскиот амбасадор смета дека по локалните избори се променила политичката рамнотежа, но проблемите на македонското општество не се промениле.

-Важно е да продолжат реформите. Лани оваа земја стана членка на НАТО и по неколку години ќе стане членка на Европската Унија. Во таа насока проблеми по патот секогаш ќе има како што е сега проблемот со Бугарија. Тие проблеми ќе бида решени. Ние секогаш сме подготвени да ви помогнете да ги решите. Меѓутоа, тоа што е важно да нема големи емотивни падови и искачувања, туку да се продолжи со работа. Бидејќи, спроведувањето на реформите е единствениот начин да се најдете на масата на ЕУ и да имате подеднакво право на глас, рече амбасадорот Коп.

Тој денеска присуствуваше на настанот што го организираше Еколошкото друштво „Планетум“ во Струмица на кој се дискутираше за подобрување на квалитетот на животот во регионот и креирање одлуки од јавен интерес за животната средина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ