Мерцедес се откажа од тужба, Верстапен првак

Од:

„Мерцедес“ нема да се жали на исходот од последната трка сезонава за Големата награда на Абу Даби, која се возеше во неделата, со што е потврдено дека Холанѓанецот, Макс Верстапен е нов светски првак во Формула 1.

Одлуката е донесена откако Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) објави во средата вечер дека отвора истрага за спорните случувања на Големата награда на Абу Даби.

– Ние активно ќе соработуваме со делегацијата на ФИА. Ја сметаме ФИА за одговорна за тој процес и засега ја повлекуваме тужбата, соопшти „Мерцедес“.

Паралелно со ова, возачот на германската екипа Луис Хамилтон бараше „Мерцедес“ да се откаже од поднесување тужба, наведувајќи оти не сака да освои титула по судски пат.

Трофејот на холандскиот возач на Ред Бул, Верстапен, ќе му биде врачен вечерва на гала свеченост во Париз.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур