Решени 165 барања од граѓани преку електронската адреса на Град Скопје

Од:

За само 10 дена откако Градот Скопје ја стави во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected], пристигнаа 213 барања од граѓани, од кои 165 веќе се решени, а останатите се во фаза на решавање, информираат денеска од Град Скопје.

На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата на граѓаните во рок од 24 до 72 часа.

Најголем број од поднесените барања на граѓаните се за решавање на проблеми од комунална хигиена, сообраќај, градскиот паркинг, пријави до инспекторатот на Град Скопје и информации за субвенции од градот.

-Отворањето на електронската адреса за комуникација со скопјани е само дел од проектот Отворен град 24 часа. Пред новогодишните празници ќе биде отворена и Канцеларијата за комуникација со граѓаните за нивните потреби и служба за брза реакција на нивен повик, велат од Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања