Изложба „Бои и чувства“ на Борислав Траиковски е отворена во штипската галерија „Безистен“. Неговата дела се изложуваат постхумно, а преку нив го претставува неговиот роден крај Битола. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов вели дека Траиковски заслужува внимание и една ваква изложба, која патува низ С Македонија.
-Неговите дела остануваат да го покажуваат неговото творештво низ неговиот ретроспективен живот. Тој е уметник од Битола, кој живеел и работел во родниот град, иако имал повеќе можности и на други места, вели Штерјов.
Забележа дека оваа изложба е една од завршните активности на институцијата, а на 28 декември ќе биде отворена изложбата на Незед Кица. Штерјов вели дека оваа година имаат стопроцентна реализација на проектите, кои се финансирани преку Програмата на Министерството за култура.