Пендаровски ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад во Косово

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Косово, денеска ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад во Пеќ, каде што се сретна со командантот, полковник Андреа Бертацо и со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои се на задача, како дел од мировната мисија.

За време на средбата полковникот Бертацо го информирал Пендаровски за активностите на Регионалната команда на КФОР – Запад во поддршка на мирот и безбедноста на Република Косово.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за мисијата на КФОР, истакнувајќи ја нејзината важност за стабилност на Косово и целиот регион. Претседателот Пендаровски ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации од заеднички интерес, а во функција на исполнување на целите на мисијата.

Тој исто така посочи дека со учеството на 65 припадници на Армијата на Република Северна Македонија во силите на КФОР, државата како НАТО – членка дава активен придонес за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Пендаровски за време на средбата бил информиран и за тековните активности и извршувањето на работните задачи на македонскат армија, распоредена во Регионалната команда на КФОР – Запад.

Тој оддал признание за професионализмот и посветеноста со која нашите војници ги извршуваат сите поставени барања и задачи и изјавил дека Република Северна Македонија и натаму ќе продолжи да дава свој придонес во оваа мисија.

Би можело да ве интересира

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Атифете Јахјага негира каква било поврзаност со досието Епштајн

А1он

Во возило во Приштина пронајден е мртов политичар од партијата на Харадинај

А1он