Спасовски за 2022 најави огласи за прием на криминалисти во МВР

Од:

Нови вработувања на криминалисти во Министерството за внатрешни работи за наредната година, денеска најави министерот за внатрешни работи Оливар Спасовски на свечената промоција на дипломираните студенти на првиот циклус студии на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Поради заминувањето на поголем дел вработени од МВР во пензија, во 2022 година, според Сапсовски, ќе има потреба од вработување на поголема бројка криминалисти.
-Се отвораат работни места. Затоа и најавив дека 2022 година ќе има огласи за прием на криминалисти во поголема бројка и јас навистина очекувам дека и од оваа генерација на студенти ќе можат да се пријават да бидат дел од македонската полиција, да бидат дел од безбедносниот систем, кој практично се грижи за напредокот за чување на човековите права на демократските вредности на државата, најави министерот Спасовски.

Според него, знаењето кое што тие го стекнуваат дипломираните студенти низ процесот на едукација на факултетот е пресудно за нивните ангажмани.

-Секако дека пренесувањето на знаењето во практичниот дел од повозрасните колеги ќе биде само нивно надоградување во тоа што значи одлични професионалци кои што ќе работат во Министерството за внатрешни работи и најважно – професионалци со интегритет. Тоа се тие би рекол важни одлики кои што треба да ги има секој еден припадник на македонската полиција, порача Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР