Приведена дебранка осомничена за злоупотреба на службената положба

Од:

Оперативци на МВР денеска на пладне на „Рузвелтова“ во Скопје привеле шеесет и четиригодишна дебранка по која била распишана потерница.

Од МВР соопштија дека полициски службеници од Оперативен тим потраги од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.Х.(64) од Дебар, а со место на живеење во Скопје.

-За неа била распишана потерница по Наредба на Основно јавно обвинителство Велес за истрага поради сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „ злоупотреба на службената положба и овластување“, се наведува во соопштението на полицијата.

Осомничената била предадена во Основно јавно обвинителство Велес за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он