„Папата го виде Бог“, гласи еден од илјадниците коментари на фотографијата која напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, ја објави на личниот Инстаграм профил со која ја илустрираше својата посета на Ватикан и приемот кај поглаварот на Римокатоличката црква Франциск.
Шведскиот фудбалер со босанско потекло на папата Франциск му подари потпишан дрес на Милан како и авторска книга „Адреналин“, порачувајќи му дека „тука е дел од неговата животна приказна“.
Римокатоличкиот поглавар му вети на Ибрахимовиќ дека со задоволство ќе го прочита неговото дело, и од своја страна му ја подари книгата „Спортот според папата Франциск“.