А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Конституиран Комитет за преговори и преговарачкиот тим за Коридорите 8 и 10

by А1он14/12/2021 - 18:05398
Share0

Владата на денешната 127-ма седница седница ја разгледа и усвои Информацијата за конституирање на Комитет за преговори и преговарачкиот тим за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола) во Република Северна Македонија, по предлог на Министерството за транспорт и врски.

Следете a1on на Instagram Instagram

За членови на Комитетот за преговори се определени првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерите за борба против корупцијата и за економски прашања, Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, за животна средина, за труд и социјална политика, за економија, за транспорт и врски, Фатмир Бесими, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Крешник Бектеши, Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми.

– Како посебен заклучок по оваа точка, Владата одлучи да достави допис до Собранието на Република Северна Македонија со барање за член на овој Комитет да биде номиниран и претставник на најголемата опозициска партија, информираат од Владата.

На денешната 127-ма седница е разгледана и усвоена Информацијата за подготвителните активности за втората фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас до постигнување на договор за доделување на договорот за овој стратешки проект за гасификација на Република Северна Македонија, соопштуваат од Владата.

Следете a1on на Youtube YouTube
koridor 10koridor 8vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео