Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

Од:

Со јубилеен концерт градскиот женски младински хор „Менада“ ќе одбележи 40 години од основањето. Хорот е основан од диригентот професорот Ивица Зориќ во 1981 година со цел таму да продолжат да бидат активни членките кои дотогаш биле дел од детскиот хор „Лале“, инаку формиран 1977 година. Така започнува четиридецениското опстојување на хорот каде членувале и настапувале илјадници хористки.

-Тие 40 години значат многу волја, многу љубов, многу ангажман, многу патувања. Во хорот настапувале неколку илјади хористики. Сега во хорот пеат деца на поранешни хористки. Сме имале преку 1300 концерти, а над 500 композиции имаме испеано, сме посетиле и 21 држава. Сите можни награди се освоени во Македонија, многу меѓународна награди се добиени. Настапи имаме со Македонска филхармонија, со Камерен оркестар, со многу диригенти. На овој начин се негува и продолжува богатата хорска традиција на град Тетово, која е започната уште во 19 век. Обврска е и долг кон идните генерации да се одржува хорската традиција. Голем број македонски и странски композитори посветиле композиции на хорот, вели диригентот Ивица Зориќ.

Јубилејниот концерт е закажан в сабота, 18 декември. Ќе се одржи во салата на управната зграда на Музејот на тетовскиот крај, поранешен Дом на Армијата, со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски