Натпреварот од Премиер лигата меѓу Брентфорд и Манчестер Јунјатед, што требаше се одигра вечерва, е одложен откако на редовното тестирање се утврдени неколку позитивни случаи на коронавирус во тимот од „Олд Трафорд“.
Раководството на Лигата соопшти дека одлуката е донесена „по препорака на медицинските советници поради вонредни околности“.
Претходно Јунајтед ги прекина сите тренинзи во својот камп во Карингтон за да го намали ризикот од ширење на вирусот во своите редови.
Во клупското соопштение, Јунајтед им се извини на навивачите.
– Манчестер јунајтед изразува жалење поради непријатностите што им ги предизвика на Брентфорд и на навивачите на двата клуба, соопшти премиерлигашот од Манчестер.