Османи: Потребни се храбри политички чекори од сите партнери за обнова на европскиот моментум на Западниот Балкан

Од:

Блокадата на европските интеграции за Северна Македонија и Албанија е неправилна, неоправдана, и таа создава недоверба во целиот регион. Потребни се храбри политички чекори од сите членки на Унијата, пред сѐ од Република Бугарија, но и од останатите партнери во ЕУ.

Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на состанокот во Лондон на министри за надворешни работи од Западен Балкан, кој се одржа на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас. На состанокот како специјални гости беа Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

Како што соопшти МНР, главна тема на дискусија беа актуелните предизвици на земјите од Западниот Балкан: беа отворени темите поврзани со економскиот развој, регионалната соработка и можностите за зголемување на трговската соработка; европската и евро-атлантската перспектива, како неопходен услов за демократски, институционален и политички напредок на земјите; како и предизвиците на регионалната безбедност, вклучително и перспективите за надминување на отворените прашања кои ја загрозуваат неговата интеграција.

-Блокадата на европските интеграции за Северна Македонија и Албанија е неправилна, неоправдана, и таа создава недоверба во целиот регион. Потребни се храбри политички чекори од сите членки на Унијата, пред сѐ, од Република Бугарија, но и од останатите партнери во ЕУ; тука секако сметам и на нашата подготвеност за искрени компромиси со цел затворање на ова поглавје и отворање на перспективите за Северна Македонија и за целиот регион. Уверен сум дека е тоа наједноставниот, и веројатно во овој момент, единствениот начин со кој може да се предизвика нов европски и евроатлантски моментум на Балканот, рече Османи зборувајќи за актуелните состојби на Балканот, и блокадата на евроинтеграциите на Скопје и Тирана.

Во оваа насока, се посочува, Османи ја поздрави одлуката на британската влада за назначување на специјалниот пратеник на Обединетото Кралство задолжен за регионот на Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, оценувајќи го како чин кој ќе придонесе за подобрување на регионалната стабилност и просперитет, како и за промовирање на силни демократски институции и отворени општества.

На состанокот, се додава, беше презентирана и неодамнешната британска иницијатива за Превенција на сексуално насилство во конфликт, која Република Северна Македонија ја поддржа. Дополнително, беа разменети мислења за активностите и заложбите на земјите учеснички на Глобалниот Самит COP 26 што се одржа во Глазгов, овој ноември, за намалување на климатските промени . Во овој контекст, министерот Османи брифираше детално за заложбите на Северна Македонија да ги намали емисиите на стакленички гасови за 51 процент до 2030 година.

Во рамки на престојот, шефот на дипломатијата Османи одржа и одделни билатерални средби со домаќинот, Лиз Трас, како и со Габриел Ескобар, Мирослав Лајчак; Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на премиерот, Борис Џонсон; но и со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисерка Турковиќ, на кои беа разменети мислења за билатералната и регионална соработка, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија