Полска размислува за вето на одлуките на ЕУ кои се носат со консензус

Од:

Полскиот министер за правда Збигњев Жобро изјави дека се залага за суспендирање на придонесот за членство во Европска Унија доколку Европска комисија одбие да ја финансира Варшава поради тековниот спор за судските реформи.

Жобро е член на партијата Солидарна Полска и го обвинува Брисел дека се обидува да ја смени власта во Полска под изговор за зачувување на владеењето на правото.

– ЕК поставува невозможни услови, бидејќи нејзината вистинска цел не е да го постигне наводното владеење на правото, туку да ја смени власта во Полска, истакна Жобро, додавајќи дека тоа е порака до Полјаците дека нема да добијат пари доколку ја поддржуваат актуелната Влада.

Брисел е против реформата во судството што ја спроведува полската Влада, тврдејќи дека ја поткопува независноста на судиите и го политизира судството.

Според полската Влада потребни се реформи за да се поправи „неефикасениот“ правосуден систем.

ЕК бара Полска да го затвори контроверзниот Дисциплински совет на Врховниот суд и да ги врати разрешените судии на функцијата како предуслов за активирање на милијарди евра од Фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата. ЕК веќе ја одложи исплатата на 36 милијарди евра, а Европскиот парламент сака да го активира „механизмот на условеност“ од правилата за финансирање, за да изврши дополнителен притисок врз Варшава.

Жобро тврди дека постапките на ЕК се нелегитимни и се закани со контрамерки кон Варшава.

– Полска треба да одговори на уцените на ЕУ со ставање вето на сите прашања за кои е потребен консензус во ЕУ, наведе Жобро.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа реакциите на клучните играчи од ЕУ по пресвртот на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Катерина Ѓуровски

Филипче во Брисел побарал европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

(ВИДЕО) Европската унија е формирана за да им направи штета на САД

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нејма јасен пат во овој хаос, последиците ќе бидат страшни – Фон Дер Лајен најави контрамерки

Катерина Ѓуровски