Груевски: Од октомври се укинуваат уште 12 квоти на лекови

Од:

Од октомври нема да има квоти за нови 12 лекови, а до 2015 година Владата планира постепено укинување на сите квоти, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Веќе ги започнавме чекорите за реализација на ова наше изборно ветување. Претходно беа тргнати 37, а од октомври дополнителни 12 лекови ќе се тргнат од квота. Планот на Владата е согласно одлуката што ја донесовме до 2015 година постепено да ги укинеме сите квоти. Имаме план и за наредната година и за таа по неа и за 2015, точно колку лекови ќе бидат укинати така што веќе започнавме како што е предвидено во програмата, изјави Груевски, по пуштањето во употреба на лабораторија на Институтот за патологија.

Тој појасни дека во следната година има точно утврдена динамика колку квоти ќе бидат укинати така што ова нивно ветување ќе биде реализирано во целост онака како што е ветено во програмата до 2015 година.

– Ќе нема веќе квоти во аптеките и граѓаните нема да бидат доведени во ситуација при крајот на месецот да мора да бараат низ аптеките лек или да одат во подалечни аптеки или пак да го платат лекот приватно, иако тој следува и на рецепт, нагласи Груевски.

Она што е најважно, рече премиерот, е дека ова ветување го давале сите претходни влади меѓутоа досега ниедна не го реализирала.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство