(ВИДЕО) Кавга пред школо: Mајка не го пушта детето да носи маска, него не го пуштаат без маска

Од:

Една од предводниците на протестите против ковид мерките кои се одржаа минатото лето, Гордана Гоџо, сними вербален конфликт пред влезот на основно училиште каде вработените не и дозволуваат на нејзината ќерка да влезе без заштитна маска.

Вработените на училиштето инсистираат на почитување на ковид протоколите, кои налагаат секое од децата да носи заштитна маска и да му биде измерена температура при влез во училиштето, додека Гоџо инсистира нејзината малолетна ќерка да присуствува на часовите без да носи заштитна маска.

Додека таа го снима видеото, нејзината ќерка почнува да плаче велејќи „Сакам да одам во школо како сите деца“, а таа и останатите возрасни се обидуваат да го смират девојчето кое е сведок на драмата пред училиштето.

„Дали вие можете одговорно да потпишете дека ако Лена носи 7-8 часа маска, дека нема ништо да и се случи. Во други училишта почнаа во несвест да паѓаат. Дали сте свесна каква одговорност превземате, вие и сите на кои им наложуваат. Јас се обидувам да објаснам дека вие што извршувате наредби, дека не ве ослободува од одговорност. Ми кршите уставно и родителско право, правите кривични дела уцена и присилба“, кажува Гоџо на директорката.

„Сѐ е во ред. Протоколите не се од мене. Јас како директор, мора да ги почитуваме“, вели директорката.

По ова, Гоџо прашува: „Дали сте нормални што им правите на децата“.

Снимката трае скоро 20 минути.

Инаку, Гордана Гоџо е активистка која сечеше маски за време на протести, во знак на револт и искажувајќи непочитување кон мерките. За време на нејзин говор, присутните извикуваа “убијци, убијци” за докторите.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Демири: Ако треба, ќе се донесат законски измени за казнување лица кои поттикнуваат кампањи против вакцинација

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on