Најголемата грутка злато од Аљаска продадена за 750.000 долари

Од:

Грутка злато тешка повеќе од девет килограми, вчера е продадена на наддавање за 750.000 долари, објави аукциската куќа „Херитиџ“ од Тексас.

Наречена „Стогодишнина златна грутка на Аљаска“ бидејќи била пронајдена околу 100-годишнината од Златната треска во Клондајк, оваа златна грутка, е најголемата ископана во историјата на најсеверната американска сојузна држава. Наодот е на Бери Клеј, кој ја пронашол во 1998 година близу градот Руби во западна Аљаска, во рудникот „Свифт Крик“. Димензиите на грутката се 17 х 14 – 5 х 11 сантиметри и тежи 9,13 килограми. Името на новиот сопственик засега не се соопштува.

Потрагата по злато на Аљаска трае повеќе од 160 години.

Првото злато таму го пронашле околните рудари на 16 август 1896 година, а кога веста стигнала до Сиетл и Сан Франциско, тоа предизвикало вистинско „стампедо“ од луѓе кои сакале да се збогатат. Некои од нив успеаја, но повеќето немаа среќа. Сепак, Златната треска е овековечена во бројни филмови, фотографии и книги.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Вучиќ: Купивме пет тони злато

Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато

(ВИДЕО) Запленети 4,8 килограми злато при влез на „Богородица“

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Алјаска