Во струмичко фатени дрвокрадци

Од:

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица презеле засилени мерки за откривање и санкционирање лица кои вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва, при што на планината Беласица биле запрени товарно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (29) од село Банско, натоварено со бесправно исечени огревни дрва и моторно возило „лада“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (22) од село Свидовица, струмичко, исто така, натоварено со бесправно исечени огревни дрва.

Во рамки на преземените мерки и активности, соопштија денеска од МВР, на друга локација на планината Беласица, дополнително биле пронајдени четири м3 бесправно исечени огревни дрва.

– Дрвата и возилата се одземени и предадени на Шумската полиција Струмица. За случајот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес