Од февруари лотарија за термини за визи за Германија

Од:

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн објави дека од февруари Амбасадата ќе го подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан.

– Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година, напиша Холштајн на Фејсбук.

Поопширни информации можат да се најдат на веб-страницата https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2493044.

Би можело да ве интересира

Драма во Германија: Пукна петарда во училишен тоалет, повредени се најмалку 17 ученици

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

„Блумберг“: Германската влада е во криза

Германија сака да биде центар за производство на лекови

Младите жени во Минхен се плашат да користат јавен превоз

„Политико“: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра