Ковачевски: Имам визија и план како заеднички да се вратиме на победничките патеки

Од:

Димитар Ковачевски, кандидатот за претседател на СДСМ ја бара поддршката од граѓаните на претстојните внатрепартиски избори во СДСМ изјавувајќи дека има визија и план како партијата повторно да се врати на победничките патеки. Тој вели дека работите мора да се менуваат и токму тоа го покажале последните избори, па затоа тој го повикува членството да се обедини за промените кои членовите, но и граѓаните, ги очекуваат.

„Како иден претседател на СДСМ, моја цел ќе биде да ја подобриме комуникацијата со членството и да дадеме фер шанса на секој кој умее и сака да работи за граѓаните. СДСМ ќе биде препознаен преку чесни, посветени и ангажирани луѓе, а посветеноста и одговорноста на секој ќе биде единствено мерило за напредок. Партиските тела ќе ги зајакнеме и активираме на многу повисоко ниво. Месните одбори и комисиите ќе бидат основни тела за креирање и евалуирање на политиките на партијата“, вели Ковачевски во видео обраќањето до јавноста.

Ковачевски смета дека граѓаните мора да ја вратат довербата во државата и затоа Владата мора да ги исполни нивните очекувања кои се однесуваат на поголема ефикасност во владеењето и исполнување на ветувањата. Клучот за ова според него е поставување на вистински луѓе на вистински позиции, како и воспоставување на систем во кој секој ќе биде одговорен за своите задачи.

„СДСМ го има најдобриот кадровски потенцијал и ќе го искористиме. Потребен е поголем фокус на реалните потреби на граѓаните, на оние проблеми кои им тежат на луѓето. Во моментов е тоа економијата и животниот стандард. Да се фокусираме на решенија и многу повеќе на локално и на централно ниво да зборуваме за овие проблеми. Исто така потребно е одговорно владеење и недвосмислена борба со криминалот и корупцијата. Не се доволни успешни реформи на судскиот систем и добри закони; граѓаните сакаат да видат дека сите ние како политичари со личен пример и во пракса го спроведуваме тоа. За ова не смее да има компромис“, вели Ковачевски.

За крај Ковачевски ги повика граѓаните членови на СДСМ во недела да ги поддржат промените кои ги носи неговата програма затоа што верува дека сите граѓани имаат иста цел, држава која оди напред.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он