Обновена е старата рута за шверц на дрога со гумени чамци од Албанија во Турција. Во провинцијата Мугла во Турција се запленети 1,5 тони марихуана, а уапсени се три лица, сите албански државјани, кај кои се пронајдени и три пиштоли, јави агенцијата Балкан веб.
– Според изјавата на гувернерот на Измир, започнала истрага по добиените информации дека од Албанија ќе пристигне поголемо количество дрога. Била спроведена истрага од страна на главните јавни обвинители на Измир и Торбал, а акцијата била спроведена во координација на командата на полицијата и крајбрежната стража во провинцијата Мугла, додава агенцијата.
Осомничените со глисер преку морски пат ја транспортирале дрогата од Албанија до Турција, а потоа ја извадиле на брегот и ја скриле во шумскиот предел, покрај брегот.