СДСМ: Со Оперативниот план обезбедени дополнителни 4,6 милиони евра за нови 1.216 вработувања

Од:

„Обезбебедени се нови 284,9 милиони денари или над 4,6 милиони евра за нови 1.216 вработувања, кои ќе бидат реализирани преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување. Со овој чекор значително ќе се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливи категории“, соопшти СДСМ.

„Обезбедени се средства за имплементација на новата пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор за 300 невработени лица во висина од 73.8 милиони денари, како и над 15 милиони денари за мерката вработување и раст на правни субјекти за 127 нови вработувања.

36.9 милиони денари од вкупно предвидените средства се наменети за Програма 1, поточно за поддршка за самовработување (претприемништво) за дополнителни 115 самовработувања; над 135 милиони денари за мерката субвенционирање на плати со што дополнително ќе бидат опфатени 674 невработени лица.

Овие измени и дополнувања во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување обезбедуваат вработување на нови 1.216 невработени лица.

Во 2021 со Оперативниот план се опфатија околу 12.000 невработени лица, преку 8 видови на програми.

До ноември се реализирани 85% од Оперативниот план за 2021 година.

Сето ова е со цел дополнително намалување на стапката на невработеност која сега изнесува 15,9 отсто со тенденција на намалување.

СДСМ како одговорна партија, преку институциите што ги предводи продолжува активно и посветено да спроведува мерки и политики кои го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он