Петтиот Светиклиментов научен собир на тема „Сеќавање (па́мѧть)“, во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, ќе се одржи денеска онлајн на платформата Зум.
Собирот ќе го отвори Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, а ќе може да се следи во живо и на Јутјуб каналот и на фесјбук страницата на Факултетот.
Предвидени се две работни сесии, на кои професори и теолози ќе имаат излагања на повеќе теми.