Џафери: Со празнувањето на Свети Климент Охридски се оддава почит на пишаниот збор, културата и образованието

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски.

-Би сакал во лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија на сите православни верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, граѓани на Република Северна Македонија, да Ви го честитам големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски, празник на основоположникот на црковниот живот во Република Северна Македонија и ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговиот лик и дело кој е еден од најзначајните за развојот на духовниот живот на Република Северна Македонија е запаметен и како покровител на образованието и јазикот. Со неговото празнување се оддава почит на пишаниот збор, културата и образованието кои се значајни за секој народ и треба да се негуваат и развиваат затоа што тоа е додадена вредност за самиот народ, меѓутоа и богатство за светот воопшто, пишува Џафери во честитката.

Дозволете, вели Џафери, да го искористам празникот како повод и да искажам почит за нашите здравствени работници кои ја одбележаа оваа 2020 година и за нивното вложување во личното образование кое ја достигна најблагородната цел – несебично спасување на човечки животи ризикувајќи го при тоа и сопственото здравје.

Би можело да ве интересира

Џафери: Не дојдоа пратениците во Собранието во скафандери затоа што на Талат му текнало така, се консултирав со милион институции пред тоа

Габриела Димковиќ-Мишевска

Џафери: Собранието треба да се деблокира на секое ниво, без условувања и ултиматуми

Жарко Настоски

Џафери: Не можам да кажам кога ќе бидат донесени измените на Законот за попис

Прекината средбата на Џафери со координаторите на пратеничките групи

Честика од Џафери за Денот на албанската азбука: Дарот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем

Џафери: Институциите, медиумите и просветните работници да покажат како се чува албанскиот јазик

Катерина Павлова-Николовска