Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведуваат задолжителни вакцини за државните службеници е неуставен.
Новото правило за задолжителна вакцинација требаше да стапи на сила на 1 октомври, но Уставниот суд ја суспендираше владината одлука, откако некои државни службеници, вклучително и полицискиот синдикат, се побунија, објави агенцијата СТА.
Судот оценил и дека одлуката не може да се споредува со мерките воведени во Австрија, бидејќи таа земја вовела закон со кој е можно да се воведе задолжителна вакцинација во посебни околности.