Екранот кој LG го презентираше во четвртокот официјално ја доби титулата за „најтенок екран на светот“, има само 2.2 милиметри, пренесе GSM.mk.
Овој екран има резолуција од 1920 x 1080 пиксели, а според корејската компанија, би требало да добиете и поголем агол за гледање, благодарение на тесните граници.
Клучот позади овој екран е технологијата Advanced OGS (One Glass Solution), каде што се внесени двојни флексибилни пиксели помеѓу панелот и екранот на допир, со што се намалува 30% од тежината и големината на екранот. Секој пиксел содржи по еден RGB sub-pixel.
Финално, со осветлување од 535 nits, овој екран е исто така и најсветлиот FullHD екран на светот.