Заев: Сега е најпозитивен период да се најде решение со Бугарија и не треба да се пропушти

Од:

Ќе направам се да се изнајде решението со Бугарија, ако не се најде сега, не верувам дека ќе се најде во 2022 година. Меѓу 14 декември и 15 јануари е периодот кога може да се одржи Советот за општи работи. Тоа е можност да се исчекори напред и, конечно, по 16 и пол години да почнеме преговори. Во прашање се недели, рече Зоран Заев.

Смета дека ова е значаен период што бара поголема одговорност и дека е потребно стабилно мнозинство и Влада што со влезот на Алтернатива е обезбедено.

– Лично мислам дека треба да им е јасно и на Бугарија и на Европа, дека во најмала рака неизвесноста после мене е поприсутна затоа што ме знаат каков сум, какви политики водам и кон што тежнеам и затоа кажувам дека е ова најпозитивен период да се изнајде решение. За мене најважно во државата е евроатлантскиот пат и ова што е почнато со Бугарија. На крајот сме, во фотофиниш, и не може вака да се остави. Јасно е утврдена целта кога тоа може да се заврши, следува период кога Франција ќе претседава и изборите кои таму ќе бидат напролет, така што мал е периодот да се најде прозорец за решение на спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија, истакна Заев одговарајќи на новинарски прашања по потпишаниот договор за соработка со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

Горд е, рече и на одлуките што ги донел во изминатиот период и верува дека и народот е убеден дека тоа вистинскиот пат и нема друг по кој државата може да се интегрира во ЕУ и во НАТО.

– А секако и да се интегрираме дома. Тие одлуки имаат и своја тежина, додаде Заев.

Тој повтори дека е во оставка од двете функции, лидерската и партиската, и дека за кадровските решенија што ги предлага Алтернатива ќе одлучува новиот мандатар.

Би можело да ве интересира

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев